Трагедија во Франција: Тинејџерка го загуби животот славејќи на камион (ВИДЕО)

Седумнаесетгодишна девојка го загубила животот ноќта меѓу четвртокот и петокот на северот на Франција за време на прославата по победата на француската репрезентација над Мароко во четвртфиналето на Светското првенство.

Трагедијата се случила околу 00:15 часот во местото Олноа-Емери, кога девојката паднала од камион на кој се качила за да ја прослави победата на Франција.

Според медиумите, повикувајќи се на пожарникарите и извор близок до истрагата, возачот на камионот по несреќата бил уапсен.

Прославата во голем број француски градови, особено во Париз, но и во Лондон, според снимките објавени на социјалните мрежи, прераснала во насилство и нереди.

Наводно, во Париз и неговата околина биле уапсени десет лица. Тројца се приведени поради кражба на мобилни телефони, четворица поради насилство со употреба на оружје и здружување за извршување насилни дела, додека уште три лица биле приведени поради користење пиротехнички средства.

Француските власти уште пред почетокот на натпреварот го означија четвртфиналниот дуел како настан со висок безбедносен ризик.