Битки за финале на Вимблдон: Спектакл со Ѓоковиќ и Синер, Зверев против најголемата сензација
Пррограмата на централниот терен се отвора дуелот меѓу Артур Фери и Александер Зверев, кој започнува во 14:30 часот.
Зверев во натпреварот влегува како голем фаворит. Неговото искуство од настапите на најголемите турнири и моќниот сервис се неговите најсилни адути во битката за финалето. Од другата страна на мрежата ќе биде најпријатното изненадување на овогодишниот Вимблдон, младиот Британец Артур Фери, кој со одличните настапи ја воодушеви домашната публика.
Со силна поддршка од трибините, Фери ќе се обиде да приреди уште една сензација и да ја испише најубавата приказна на овогодишното издание на турнирот.
По завршувањето на овој меч следува вистинско тениско уживање, пресметката меѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.
Ѓоковиќ продолжува во походот кон нови страници во тениската историја. Неговата неверојатна ментална цврстина, извонредната игра на трева и победничкиот менталитет го прават еден од најтешките противници на турнирот.
Сепак, од другата страна ќе стои Јаник Синер кој само поради годините и младоста ја има фаворитската улога, меѓутоа Ѓоковиќ никој не смее да го отпише, доказ за тоа е победата во претходната рунда кога по пет часа и 15 минути го елиминираше Алијасим.
Ќе потсетиме, Ѓоковиќ на Вимблдон игра за својата 25. грен-слем титула.