Македонските ракометни надежи загубија и од Хрватска!
Идeнтично како и вчера против Норвешка, така и денеска загубивме со пет голови разлика. Хрватите натпреварот го добија во првото полувреме кое заврши во нивна полза со 19-14.
Во вториот дел силите беа израмнети, Хрватска ја одржуваше предноста од пет голови за конечниот резултат да гласи 34-29 за нив.
Најдобар во нашата репрезентација беше Марко Каевски со седум голови, Бобан Поповски даде шест.
Со овој пораз Македонија ги загуби шансите за пласман меѓу најдобрите 12. Ни остана уште еден противник, тоа е селекцијата на Данска со која играме на 11. јули.