Мексико доби нов селектор, легенда на Барса ќе ги води Мексиканците!

Фудбалската федерација на Мексико денеска и официјално го назначи новиот селектор, тоа е поранешниот фудбалер на Барселона, Рафаел Маркез.

47-годишниот Маркез седум сезони беше дел од дефанзивната линија на Барселона. Сега ќе ја има и најголемата улога во тренерската кариера, станува селектор на својата земја.

Тој од 2024 година му беше помошник на Агуре кој се повлече од функцијата по елиминацијата на Мексико во осминафиналето од Светското првенство.

Маркез како фудбалер е рекордер по бројот на настапи за Мексико, 147 пати го носеше дресот на репрезентацијата. Тој е вистинска легенда.