Ериксен ќе продолжи да игра фудбал и покрај советите да не го прави тоа!?

Пред извесно време Кристијан Ериксен имаше втор инцидент поврзан со срцето, повторно се струполи на теренот и беше пренесен во болница.

Според „Дејли Мејл“, Ериксен се подготвува за враќање на фудбалот и покрај тоа што докторите му рекле дека ако го направи на тоа, само прашање на време е кога ќе има нов сериозен инцидент со срцето.

Данскиот фудбалер започнал индивидуална програма за рехабилитација во Данска. Во моментов неговиот срцев ритам е добар и тој се наоѓа во нормална состојба.

Но, проблем е што Ериксен не ги слуша советите на докторите кои му велат дека треба да стави крај на кариерата. Данецот сака да продолжи да игра.

Негов актуелен клуб е Волфсбург за кој во минатата година одигра 31 натпревар.