Даниел Аврамовски најде нов клуб во Турција
Станува збор за екипа која минатата сезона беше во Третата лига, но успеа да дојде до второлигашкото друштво и од Аврамовски очекува да биде одлично засилување во средниот ред.
Аврамовски и минатата сезона играше во Турција во Втората лига во Турција во дресот на Сиваспор за кој одигра 28 натпревари постигна пет гола и запиша една асистенција.
Во кариерата во Македонија беше дел од Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Вардар, а надвор од границите собираше искуство во Војводина, Олимпија, Црвена звезда и Сараево, но сепак најголем период помина во Турција каде што промени неколку клубови.