Македонски репрезентативец е првото летно засилување за МЗТ Скопје!
Дваесет и шестгодишниот бек-шутер повторно ќе го облече сино-белиот дрес, кој веќе го носеше во сезоната 2018/19, по што кариерата ја продолжи во Академија ФМП, каде што мина три сезони, а потоа настапуваше и за Еуро Никел. Последните три години беше еден од носителите на играта на Пелистер, со кој редовно се бореше за највисок пласман во домашното првенство.
Стојановски во меѓувреме се етаблираше и како стандарден македонски репрезентативец, а со своите настапи сè повеќе се наметнува како еден од лидерите на подмладената национална селекција. Со неговиот ангажман, МЗТ Скопје ги отвори активностите околу формирањето на ростерот за сезоната 2026/27, во која клубот ќе има исклучително амбициозна програма. Актуелниот македонски шампион, покрај настапите во домашната Суперлига и АБА2 лигата, по подолга пауза повторно ќе игра и на европската сцена, во групната фаза од ФИБА Еврокупот.