Сензационалниот голман од Мундијалот може да му стане соиграч на Меси
Со тоа што не прими гол против Шпанија, голманот на Зеленортските Острови стана вирален на социјалните мрежи, а ветеранот потоа му помогна на својот тим да се пласира од групната фаза во 1/8 финалето, каде што подоцна тесно загуби од Аргентина. Минатата недела се појавија информации дека 40-годишникот има можност за трансфер во Бразил. Возиња е без клуб откако го напушти португалскиот второлигаш Чавес и затоа може да се приклучи на кој било тим со слободен трансфер.
Сега Марка изнесува други информации. Тие велат дека шампионот на МЛС, Интер Мајами, размислува да го потпише Возиња. Засега се е само на интерес, но не е исклучено преговорите наскоро да почнат бидејќи МЛС продолжува веднаш по Светското првенство, а Интер Мајами ја продолжува одбраната на титулата.
Во Мајами, Возиња би станал соиграч со Лионел Меси, кој со својата репрезентација на Аргентина ги елиминираше Зеленортските Острови на Светското првенство. Клубот има и други познати играчи како што се Родриго Де Пол и Луис Суарез. Меси не го криеше воодушевувањето од изданијата на Возиња на Светското првенство и јавно му честиташе за неговите одбрани ова лето.