Познати се сите двојки во четвртфиналето на СП (ФОТО)

По завршување на натпреварот меѓу Швајцарија и Колумбија беа познати сите двојки во четвртфиналето на Светското првенство (СП).

Среда ќе биде ден без натпревари на Мундијалот, односно пауза за фудбалерите, по што возбудувањата продолжуваат в четврток.

Франција и Мароко ќе ја отворат рундата со дуелот од 22 часот, а еден ден подоцна ќе се соочат Шпанија и Белгија од 21 часот. Потоа следи дербито на Норвешка и Англија на 11 јули од 23 часот, додека Аргентина и Швајцарија ќе играат еден ден подоцна од 3 часот.

Фото: Équipe de France de Football