Фабијани: Ништо не би менувал, загубивме поради грешки!
Како клучен момент на натпреварот, тренерот Фабијани го истакна првиот примен гол.
До тој прв гол игравме добро, неколку пати направивме вишок, но потоа привме гол и се случи тоа што сите го видовме.
Според Аргентинецот подготовките во Италија каде што Вардар немаше силни натпревари не се причина за лошото издание.
Подготовките поминаа добро, но кога ќе загубите тогаш барате каде сте згрешиле, КуПС знаевме дека е сериозен тим и не очекувавме да биде лесно. Пред нас е многу работа, иако и сега по натпреварот не би менувал ништо што направивме претходно. Ние и создадовме неколку шанси, меѓутоа не успеавме да постигнеме гол. Јас дојдов од сериозен клуб од Аргентина и знам што значи Вардар, ако не бев подготвен воопшто немаше да дојдам тука. Сега одиме таму да играме фудбал и да се обидеме да ја надополниме негативата и да направиме чудо.
Замените кои ги направи во текот на натпреварот беа од тактичка природа.
Замените кои ги направив не беше затоа што не бев задоволен од фудбалерите, туку за да го промениме темпото на натпреварот. Грешките кои ги направивме, ги направивме сами, не бевме под некој голем притисок, тие знаеја да ги искористат.