Синер е првиот полуфиналист на Вимблдон!
Не беше едноставно, Штруф пружи силен отпор, но Синер не дозволи да загуби сет.
Првиот сет го доби со 7-5, вториот беше уште понеизвесен, се играше тајбрејк кој Италијанецот го доби со 7-4.
Најголема разлика се почувствува во третиот сет кој Синер го доби со 6-3 и ја заокружи победата.
Италијанскиот тенисер во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Ѓоковиќ и Оже-Алијасим.