Состави: Меси против Салах за место во четвртфиналето на Светското првенство! (ФОТО)

Познати се официјалните состави за денешната пресметка меѓу Аргентина и Египет, главните ѕвезди на двете селекции ќе почнат од првата минута.

Лео Меси игра импресивно првенство и сака да ја продолжи голгетрската форма и да ја однесе својата селекција чекор понатаму на Мундијалот. 

Салах беше многу емотивен по пласманот во осминафиналето што беше и историски успех за Египет, но тој не се задоволува само со тоа, ќе се обиде да ја предводи селекцијата до изненадување и триумф над актуелниот шампион.