Македонски младински репрезентативец ја замени Брера со тим од Србија (ФОТО)
Дваесетгодишниот дефанзивец во новиот клуб пристигнува од Брера, за која настапуваше во македонската Прва лига и стекна драгоцено сениорско искуство. Стојилевски е производ на младинската школа на Вардар, каде што ги мина сите возрасни категории, а во изминатите години беше стандарден член на младинските репрезентативни селекции на Македонија, вклучувајќи ја и репрезентацијата до 21 година.
Фудбалерот е висок 183 сантиметри, природна позиција му е десен бек, но успешно ги покрива и задачите како централен дефанзивец. Во Смедерево веруваат дека ќе претставува значајно засилување во пресрет на новата сезона.