Светски шампион со Бразил ја повика Федерацијата: Избркајте го Анчелоти и ставете го - Гвардиола

Раната елиминација на Бразил од Светското првенство продолжува да предизвикува многу реакции во земјата.

Денеска, светскиот шампион од 1994 година со „селесао“ - Луиз Антонио Кореа да Коста, познат како Милер, ја повика Фудбалската федерација да го исплати Карло Анчелоти зза остатокот од неговиот договор и да се раздели со него. На негово место, тој препорача да се назначи Пеп Гвардиола.

„Песимистичен сум. Да бев на водечка позиција во федерација, би го отпуштил Анчелоти и би го ангажирал Пеп Гвардиола. Бидејќи мора да трошиме пари, а очигледно има пари за трошење, можеме да ја платиме отштетата за Анчелоти и да назначиме друг селектор“, рече Милер.

Светското првенство беше прво големо натпреварување на кое Анчелоти го водеше Бразил откако лани беше назначен на селекторската функција. Елиминацијата во осминафиналето е најлош пласман за петкратниот светски шампион на мунидјалите од 1990 година кога испадна во истата рунда.