Драмата продолжува: Белгија поднесе жалба за случајот со Балогун

Белгиската фудбалска федерација поднесе жалба до ФИФА по одлуката да се укине суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун, со што му беше овозможен настап во осминафиналето на Мундијалот.

Белгија бара повторно да се разгледа случајот и тврди дека одлуката за укинување на казната била донесена на скандалозен начин, а од федерацијата бараат одговор пред почетокот на мечот со САД, кој е закажан за 2 часот по полноќ.

Овој потег на Белгија би можел да ја натера ФИФА да ја врати суспензијата на Балогун и тој да го пропушти осминафиналето, иако веќе во САД го прославија укинувањето на казната.

Фото: U.S. Soccer