Англиски репрезентативец го заврши СП поради бизарна повреда (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Англија, Џордан Хендерсон ќе го пропушти остатокот на Светското првенство (СП) поради повреда на зглоб за која ќе мора да оди на операција.

Хендерсон се повреди за време на прославата на победата над Мексико од 3-2 во осминафиналето на Мундијалот, и тоа откако падна при обид да скокне преку рекламите.

Искусниот фудбалер на носилки беше изнесен од теренот, по што бил итно пренесен во болница и со него е член на медицинскиот тим на Англија.