Покетино за одлуката на ФИФА: Секој што разбира фудбал, треба да слави!
Покетино кажа дека неправедно бил исклучен Балогун и биле казнети со тоа што играле со фудбалер помалку до крајот на мечот.
„Мислам дека кој го следи фудбалот и верува во етика, треба да ја прослави оваа одлука. Бевме казнети против БиХ, игравме со 10 фудбалери дури 35 минути поради неправедна одлука“, кажа Покетино.
Одлуката на ФИФА предизвика бурни реакции од спортската јавност, посебно по информацијата дека Белата Куќа се вмешала во случајот.