Стојаноски: Го заслуживме првото место, мотивирани сме пред стартот на следната фаза!
Стојаноски доби шанса на натпреварите против Ирска и Луксембург и кажа дека е задоволен од прикажаното на паркетот, откако Македонија го освои првото место во групата со „шест од шест“.
„За првпат бев дел од репрезентацијата во овој циклус, ги играв последните два натпревара, а од тренерот и стручниот штаб добив и солидна минутажа. Се надевам дека ги исполнив нивните очекувања. Им честитам на момците и на тренерите за двете победи и со кои го потврдивме првото место во групата во овој циклус. Одиме во следната фаза непоразени, што е голема мотивација за нас да се покажеме во најдобро светло во натпреварите што претстојат“, рече Стојаноски.
Македонија во август продолжува со втората фаза од претквалификациите за Европското првенство (ЕП), а идната недела ќе ги дознае противниците.