Руни: Инфантино треба да се засрами

Не стивнуваат реакциите на контроверзната одлука на ФИФА да ја суспендира автоматската казна за Фоларин Балогун и да му овозможи настап за САД во натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против Белгија.

Меѓу оние кои остро се спротивставија на ваквата одлука е и Вејн Руни.

Легендарниот англиски напаѓач за „Би-Би-Си“ изјави дека ФИФА сериозно го нарушила духот на фудбалот.

„Можат да го поништат црвениот картон, тоа можеби и би било исправна одлука, но да се суспендира казната на една година? Мислам дека тоа е апсолутна срамота, а Инфантино треба да се срами бидејќи со ова е доведен во прашање духот на спортот. Ако јас бев противник на САД, би бил бесен“, изјави Руни.

Да потсетиме, Балогун беше исклучен на натпреварот против Босна и Херцеговина по остар старт врз Тарик Мухаремовиќ.

Иако според правилата требаше автоматски да го пропушти следниот натпревар, ФИФА ја суспендираше извршноста на казната повикувајќи се на член 27 од дисциплинскиот правилник, со што на најдобриот стрелец на американската репрезентација му е овозможен настап против Белгија во натпреварот кој се игра во ноќта која следи од два часот по полноќ.

Претходно со бурна реакција се јави УЕФА која не штедеше критики (ТУКА).