Мексико по елиминацијата доби нов селектор, ќе го води легенда на Барса
Уште пред почетокот на Мундијалот беше најавено дека Агире својот трет мандат на клупата на Мексико ќе го заврши по крајот на турнирот. Мексико на домашниот шампионат оствари четири победи, три во групната фаза и една во нокаут-фазата во осминафиналето и беше без примен гол до натпреварот со Англија.
Агире повторно се врати на селекторската функција во јули 2024 година, а ова му беше трет настап на Светско првенство како селектор. Како и во претходните два наврати, 2002 и 2010 година, ја одведе селекцијата до осминафиналето.
Маркез е легенда на мексиканскиот фудбал. За репрезентацијата настапуваше на пет Светски првенства, а вкупно има 147 настапи за националниот тим. Најдобрите години од кариерата ги помина во Барселона, каде играше од 2003 до 2010 година. Пред да стане асистент и наследник на Агире, работеше како тренер во вториот тим на Барселона.