Тухел: Можеби Кејн треба да го замоли Трамп да му го поништи црвениот на Кванса!

По победата над Мексико и пласманот во четвртфиналето на Мундијалот, Томас Тухел, одговараше и на прашања за скандалот кој се случи и поништениот картон на Балогун.

Многу прав крена одлуката на ФИФА да ја поништи суспензијата на Балогун и тој да игра против Белгија. Уште повеќе е скандалозно што оваа одлука доаѓа по интервенција на Доналд Трамп.

„Да бидеме јасно, тоа не беше црвен картон. Но, ВАР реагираше, одлуката беше донесена. Тоа што одлуката сега е промената за мене е страшно“, вели Тухел.

„Мислам дека не требаше да добие жолт картон Деклан Рајс. Дали на Франција и го поништија жолтиот картон за Мајкл Олисе кој не беше жолт картон?“.

„Каде почна ова и каде ќе заврши? Дали треба ние да се жалиме за црвениот на Кванса? Дали Хари Кејн треба да го замоли претседателот Трамп да му го поништи црвениот на Кванса? Можеби“.