Арсими се засили со фудбалер на Вардар!
Од Вардар потврдија дека на позајмица во Арсими го праќаат Ибрахим Оласебикан.
За овој фудбалер се интересираше и Скопје, но на крајот е одлучено да биде испратен во Арсими.
Покрај Оласебикан, Вардар на позајмица од вчера ги прати и Мануел Куестас кој замина во ФК Језеро во Црна Гора, како и Или Зибери кој ќе го брани голот на Тетекс.