Анчелоти: Нејмар и Винисиус може да играат заедно и - ќе играат!
Вечерва од 22 часот Бразил игра против Норвешка осминафинале, Нејмар не настапи на претходниот дуел, па јавноста сака да знае дали ќе игра вечерва.
„Нејмар може да игра 90 минути и може да игра со Винисиус. Мислам дека тие ќе играат заедно“, рече Анчелоти.
И покрај ваквата изјава на Дон Карло, не се верува дека Нејмар ќе биде стартер заедно со Винисиус. Пореално е тој да влезе во текот на мечот.