Двајца фудбалери на Вардар испратени на позајмица, уште еден може да им се приклучи
Мануел Куестас замина на позајмица во црногорскиот прволигаш Језеро и денеска ќе се приклучи на подготовките на тимот за новата сезона. Покрај него, позајмен е и Или Зибери кој претстојната натпреварувачка кампања ќе го носи дресот на Тетекс.
На позајмица би можел да замине и Ибрахим Оласебикан за кого се заинтересирани прволигашите Скопје и Арсими.