Петковиќ доби отказ откако беше елиминиран од „својата“ Швајцарија

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, пренесуваат медиумите во оваа африканска земја.

Иако успеа да ја одведе репрезентацијата до нокаут-фазата на Светското првенство, елиминацијата од Швајцарија беше причина челниците на Фудбалскиот сојуз на Алжир да му врачат отказ на 63-годишниот стратег, роден во Сараево.

Да потсетиме, Алжир беше поразен со 2:0 од Швајцарија, селекција што Петковиќ своевремено ја предводеше како селектор цели седум години.

Тој седна на клупата на Алжир во февруари 2024 година, но неговата мисија заврши по настапот на Светското првенство.