Селекторот кој презема репрезентација среде Мундијалот си замина по 18 дена
Тунижаните настапот го завршија со три порази и гол-разлика 2-12, а не помогна ниту брзата тренерска смена по првиот натпревар и поразот од Шведска од 5-1.
Тогаш беше сменет Сабри Ламуши, а на негово место дојде Французинот Ерве Ренар. Сепак, и тој денеска повеќе не е селектор.
Така продолжува хаосот околу репрезентацијата на Тунис, откако Ренар ја напушта клупата по само 18 дена работа.
За Ренар ова беше негово трето Светско првенство како селектор. Претходно го водеше Мароко во 2018 година во Русија и Саудиска Арабија во 2022 година во Катар.