ФИФА објави предупредување, Французите пред „дежа ву“ на Мундијалот!
Светската фудбалска организација соопшти дека ризикот од одложување на натпреварот во моментов е многу висок.
„Внимателно ги следиме временските услови во Филаделфија. Во овој момент постои значителен ризик од одложување поради временските услови. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и навремено ќе ја информираме јавноста“, соопшти ФИФА.
За Французите ова би било непријатно „дежа ви“. Во групната фаза, на истиот стадион, нивниот натпревар против Ирак беше прекинат повеќе од два часа поради силно невреме токму во Филаделфија.
Според најновите прогнози, во моментот на почетокот на натпреварот се очекуваат температури меѓу 36 и 38 степени Целзиусови, додека субјективното чувство може да достигне и до 41 степен. Во исто време, метеоролозите најавуваат поројни дождови и грмежи токму во терминот кога е закажан натпреварот.