Неверојатно: Осум фудбалери од репрезентација на Мундијалот паднале на допинг тест!

Тунис го заврши Светското првенство во групната фаза, а по елиминацијата стигна и нова лоша вест. Според „Дејли мејл“, дури осум репрезентативци на оваа селекција биле позитивни на траги од забранета супстанца на допинг-тестовите спроведени за време на турнирот.

Станува збор за кленбутерол, супстанца која се наоѓа на листата на забранети средства на Светската антидопинг агенција (ВАДА). Таа често се поврзува со бодибилдинг, бидејќи може да придонесе за намалување на масното ткиво и зачувување на мускулната маса, но се користи и во сточарството за стимулирање на раст кај животните. Токму тој аспект се смета за клучен во целата приказна.

Според истите извори, фудбалерите на Тунис најверојатно нема да бидат дополнително санкционирани, бидејќи истрагата покажала дека најверојатното објаснување е контаминирана храна што ја консумирале во нивната база во Мексико.

Кленбутерол и претходно бил причина за контроверзии на натпреварувања во Мексико, каде што е поврзан со третман на добиток. Сличен случај беше забележан и на Светското првенство за играчи до 17 години во 2011 година, кога над 100 фудбалери имаа позитивни резултати. Тогаш ФИФА и ВАДА не изрекоа казни, со образложение дека се работи за контаминација преку храна.