Поранешен тренер на Пелистер стана извршен директор - битолчани ќе менуваат од корен!
Тој на функцијата го наследува Филип Ивановски, претставник на доскорешниот главен спонзор, кому му истече договорот со клубот. Од Пелистер му се заблагодарија на Ивановски за неговата посветеност и професионален ангажман во изминатиот период, а довербата за раководење со клубот му ја дадоа на Созовски, кој е долгогодишен кошаркарски работник.
Во клупското соопштение се наведува дека Созовски ќе биде целосно посветен на новата функција и дека неговото богато искуство и познавање на кошарката треба да дадат нов импулс во реализацијата на клупскиот проект. Од клубот посочуваат и дека тој се откажал од своите обврски во образовниот сектор (директор на основно училиште) за целосно да му се посвети на КК Пелистер. Во наредниот период клубот најавува комплетирање на раководната и стручната структура, именување на нов тренер и формирање на играчкиот кадар за сезоната 2027/28.
Амбициите на Пелистер остануваат непроменети – продолжување на континуитетот во борбата за највисоките позиции во македонската клупска кошарка. Битолчани изминатиов период се бореа за врвот на македонската кошарка, но ниту еднаш не стигнаа со некој од трофеите, па им останува за утеха играњето во финалиња од плејофот и Купот на Македонија