Селекторот на Конго на прес-конференција дозна дека татко му починал (ВИДЕО)

Селекторот на репрезентацијата на Конго, Себастиен Десабр, доживеа тежок и шокантен момент по поразот од Англија на Светското првенство, кога за време на прес-конференцијата беше јавно соопштено дека му починал таткото.

Конго беше поразен од Англија со 2-1, а херој на „Гордиот Албион“ беше Хари Кејн, кој со два погодоци ја однесе својата селекција во осминафиналето, каде што ќе се соочи со Мексико.

По натпреварот на прес-конференцијата портпаролот на Фудбалскиот сојуз во завршните зборови ја информираше јавноста за смртта на таткото на селекторот. 

„Ви благодариме. Сакаме да соопштиме дека селекторот го загуби својот татко. Му изразуваме искрено сочувство.“

Според реакцијата која ја имаше предводникот на Конго и тој дозна кога и сите останати во салата.