Кејн: Ова беше луд натпревар, одигравме најдобро досега!
Африканската репрезентација го шокираше фаворитот уште во седмата минута, кога Брајан Сипенга ја затресе мрежата на Англија. Сепак, Англичаните во продолжението успеаја да го скршат отпорот на противникот, а херој на победата беше капитенот Хари Кејн, кој ги постигна двата гола во 75. и 86. минута.
„Неверојатно чувство. Ова беше луд натпревар. Игравме против цврста и организирана екипа. По првата пауза за освежување го подигнавме нивото на игра. Нивниот голман имаше неколку одлични одбрани, но продолживме да притискаме и знаевме дека нашиот момент ќе дојде“, изјави Кејн по натпреварот.
Капитенот на Англија оцени дека неговата репрезентација го одиграла најдобриот напаѓачки натпревар досега на турнирот.
„Што се однесува до нападот, ова ни беше најдобриот натпревар на првенството. Сега сме во фаза од турнирот кога победите се многу потешки. Во вакви натпревари најважно е да останеш трпелив. Притисокот е поголем, но мора да останеме верни на нашиот начин на игра“, порача Кејн.
Сега пред Англија е осминафиналето во кое ќе играат против Мексико на легендарната „Азтека“