Хит објава на Американка мажена за Босанец: Се надевам ќе останеме во брак!
Таа е во брак со Босанецот Сенахид Шариќ, кого го запознала за време на летување на Брач, а сега на шеговит начин ја прикажа навивачката поделба во нивниот дом.
На социјалните мрежи објави фотографија на која двајцата позираат во дресовите на своите земји и додаде:
„Куќата е поделена. Се надевам дека до крајот на натпреварот сè уште ќе бидеме во брак“, напиша таа во описот на фотографијата, додавајќи неколку емотикони.
САД и БиХ во натпревар од нокаут фазата ќе играат вечерва во Сан Франциско во два часот по полноќ.