Ивановски го елиминира првиот носител на турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски триумфира против првиот носител Андреј Чепелев на турнирот во Скопје со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-2.

Ивановски направи брејк на стартот на првиот сет (2-1), по што успешно ја бранеше предноста сè до конечни 6-4 во гемови.

Чепелев не успеа да му парира на Ивановски ниту во вториот сет, па Македонецот направи предност од 4-0, по што без проблеми го освои и вториот сет (6-2).

Ивановски во следното коло ќе се бори против победникот од мечот меѓу Саша Марковиќ и Лиам Деликата.