Лапорта најави нова „бомба“: Алварез сака да игра за Барселона!

Барселона ова лето сака да го ангажира Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, а тоа го потврди и претседателот на шпанскиот шампион, Жоан Лапорта.

Лапорта објави дека разговарал со челниците на Атлетико и им посочил дека сака да го купи Алварез, кој јасно покажал желба да ѝ се приклучи на Барселона.

„Зборував со Атлетико и им посочив дека ќе испратиме понуда затоа што знаеме дека фудбалерот сака да потпише за Барселона. Испративме понуда со голема почит кон Атлетико, но тие ми кажаа дека не сакаат да го продадат. Сепак, будно ја следиме ситуацијата, Атлетико бара алтернатива за Алварез и ако успеат да пронајдат, тогаш ќе ја разгледаат нашата понуда“, кажа Лапорта.