Синер во три сета го реши Боржес за пласман во трето коло на Вимблдон

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласира во третото коло на Вимблдон, откако славеше со 3-0 во сетови против Нуно Боржес.

Синер се соочи со голем отпор против Боржеш во првиот сет, каде што во тај-брејк славеше со 7-4. Идентично беше и во вториот сет, но Италијанецот овој пат победи со 7-2.

На стартот на третиот сет беа забележани неколку брејкови, а Синер направи еден повеќе од ривалот и го зачува водството до конечни 6-3.

Синер во следното коло ќе се соочи против Американецот Џенсон Бруксби.