Димитријевиќ и официјално има нов клуб - две години ќе игра во Солун!

Maкедонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ кој летово одново не се стави на располагање на репрезентација за дуелите со Луксембург и Ирска и официјално е нов кошаркар на грчкиот прволигаш Арис каде што пристигнува по настапите во руски Зенит.

Димитријевиќ во Зенит настапуваше како позајмен кошаркар од Баерн кој неколку часа претходно ја потврди разделбата, а сега се огласија и од клубот од Солун од каде што му посакаа добредојде.

Со Арис со кого ќе се натпреварува и во Еврокупот Димитријевиќ стави потпис на двегодишен договор.