Toтнем не застанува: Во два дена договори засилувања од над 200 милиони евра!

Екипата на Тотнем по катастрофалната сезона во која стравуваше дури и за својот опстанок во Премиер лигата е и тоа како активна во овој преоден рок.

Откако вчера беше објавено дека е постигнат договор со Матеус Фернандеш од редовите на Вест хем за сума од 100 милиони евра, денеска пристигна информација за договор и за Сандро Тонали за кого ќе платат и повеќе.

Според информациите на Фабрицио Романо, Тотнем постигнал договор со Њукасл за трансфер на Италијанецот за сума од 107 милиони евра и уште 8.8 милиони кои ќе бидат исплатени преку бонуси.

Нема дилеми дека во Лондон ќе имаат големи очекувања, како од Фернандеш, така и од Тонали.