Страшен голгетер е Кејн - блесна и не дозволи нова сензација на СП! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Конго не разочараа против Англија, но на крајот сепак мораа да се помират со пораз затоа што Англија во своите редови го има Хари Кејн кој го водеше „Гордиот Албион“ до триумф од 2-1.

Многу рано по само седум минути Африканците стигнаа до предност кога Сипенга ја искористи лошата поставеност на англиската одбрана и го матираше Пикфорд.

Во продолжение избраниците на Тухел притиснаа, се обидуваа да дојдат до израмнување, меѓутоа во првите 45 минути мрежата на Конго не се тресеше. Можеше Конго да дојде и до 2-0, меѓутоа Виса од одлична прилика ја погоди стативата.

Изгледаше Конго сигурно во вториот дел, не дозволуваше Англичаните лесно да доаѓаат до шанса за гол, меѓутоа во финишот блесна Хари Кејн.

Англискиот голгетер во прво 75. минута со глава стрелаше и го искористи нафрлувањето на Гордон, а само девет минути подоцна на додавање од фудбалерот на Барселона со еден силен шут ги постави конечните 2-1 и ја одведе Англија во осминафиналето.

Во осминафиналето Англија ја чека дуел со еден од домаќините, Мексико и тоа на „Азтека“ стадионот.