Хит објава на Американка мажена за Босанец: Се надевам ќе останеме во брак!

Американската инфлуенсерка Елизабет Минеман, попозната како Ели, која поради љубовта од Чикаго се пресели во Босна и Херцеговина, објави интересна порака на социјалните мрежи во пресрет на вечерашниот натпревар меѓу репрезентациите на БиХ и САД.

Таа е во брак со Босанецот Сенахид Шариќ, кого го запознала за време на летување на Брач, а сега на шеговит начин ја прикажа навивачката поделба во нивниот дом.

На социјалните мрежи објави фотографија на која двајцата позираат во дресовите на своите земји и додаде:

„Куќата е поделена. Се надевам дека до крајот на натпреварот сè уште ќе бидеме во брак“, напиша таа во описот на фотографијата, додавајќи неколку емотикони.

САД и БиХ во натпревар од нокаут фазата ќе играат вечерва во Сан Франциско во два часот по полноќ.