Струга ја засили одбраната со фудбалер од Косово
Последниот ангажман Рама го имаше со Лапи од каде што си замина по истекот на договорот. Станува збор за дефанзивец кој 29 години и кој е висок 194 сантиметри. Покрај Лапи во кариерата играше уште за: Вуштрија, Фламуртари, Беса Пеќ, Корику и Истогу.
Вкупно во косовоското првенство собра 94 настапи, а играше и во квалификациите за Лига Европа.