Ангеловски се врати во Пелистер, ама во вториот тим
Денеска тој е назначен за шеф на стручниот штаб на Пелистер 2 кој последната сезона го освои осмото место во конечниот пласман.
„Ова е своевидно враќање на Ангеловски во клубот, откако претходно беше играч на Пелистер, а до неодамна и спортски директор и тренер. Со своето искуство и неспорен квалитет сметаме дека Ангеловски е најсоодветн избор за оваа позиција“, објавија од Пелистер.
Ангеловски го водеше првиот тим на Пелистер околу една година, од крајот на 2023 до октомври 2024 година и во тој период освои една титула во домашното првенство. Последните денови пред заминувањето, против него се свртеа „Чкембари“ поради неговата изјава дека поразот од Вардар во Скопје, доживеан во тој период, не го сфаќа трагично.