Самарџиски големото знаење ќе им го пренесува на младите кошаркари на Македонија!
Некогашниот центар на македонската репрезентација од вчера активно учествува во подготовките на националниот тим, кој од 10 до 19 јули ќе настапи на Европското првенство од Дивизијата Б во Братислава. Самарџиски ја заврши богатата играчка кариера во 2023 година, а по кратка пауза реши своето искуство да го пренесе во тренерските води. Во изминатиот период работеше во Кина, каде стекнуваше тренерско искуство, а сега повторно ќе биде дел од македонската репрезентација, но во нова улога.
Неговото долгогодишно искуство, стекнато низ бројните настапи за националниот тим и клупската кариера, треба да претставува значајна помош за младите кошаркари во пресрет на настапот на континенталниот шампионат.