„Пресметката против Босанците за нас е финале на СП 2026!“
Аргентинскиот стратег истакна дека БиХ е физички моќна и тактички добро организирана селекција, која располага со квалитетен стручен штаб.
„БиХ е физички многу силна селекција, но има и одлична организација на играта. Имаат многу добар селектор, што најдобро го покажаа во дополнителните квалификации против Италија. Тогаш демонстрираа колкав квалитет поседуваат, како и одличната работа на стручниот штаб“, изјави Покетино.
Тој потенцираше дека во нокаут-фазата нема простор за грешки.
„Одиме на сè или ништо. Верувам дека сме способни да се пласираме понатаму, но свесни сме дека немаме втора шанса ако погрешиме. Ако победиме, секој следен натпревар за нас ќе биде ново финале“, порача селекторот на САД.
Покетино посебно го пофали капитенот на БиХ, Един Џеко, но нагласи дека опасноста не доаѓа само од искусниот напаѓач.
„Џеко без сомнение е голем фудбалер, но БиХ има уште неколку одлични индивидуалци. Тоа е многу добро организирана екипа. Ги знаеме нивните квалитети, но и слабостите што ќе се обидеме да ги искористиме. Тие се агресивни во одбраната, па мора да бидеме подготвени за сите варијанти на нивната игра. Имаме голема почит кон БиХ, тие тоа го заслужуваат и ќе мора да го одиграме нашиот најдобар фудбал ако сакаме да победиме“, истакна Покетино.
Пресметка помеѓу САД и БиХ се игра утре рано наутро по македонско време (2 часот) на стадионот во Санта Клара (Калифорнија).
ФОТО (AI): X / @Parafly24