Дешан го извади Мбапе од игра, па направи нешто досега невидено на Мундијалите (ВИДЕО)

Францускиот селектор, Дидие Дешан, му оддаде посебно признание на Килијан Мбапе по неговата фантастична партија во убедливата победа над Шведска (3-0), со која „триколорите“ обезбедија пласман во осминафиналето на Светското првенство.

Напаѓачот на Реал Мадрид повторно беше првото име на Франција, постигнувајќи два гола (45. и 74. минута), додека стрелец на третиот погодок беше Бредли Баркола. Француската ѕвезда стигна до шест погодоци и две асистенции на четири натпревари на Мундијалот, со што го дели првото место на листата на стрелци со Лионел Меси.

Само десет минути по вториот погодок, Дешан реши да го повлече Мбапе од игра, а при неговото излегување од теренот со гест на почит му се поклони, испраќајќи јасна порака колку ја цени уште една неговата блескава изведба. Франција во осминафиналето ќе се соочи со Парагвај, а натпреварот е закажан за в сабота од 23 часот по македонско време.

ФОТО: X / @studiometaxx