Франција ја прегази Шведска, а Мексико го нокаутира Еквадор (ВИДЕО)
Франција тргна жестоко во натпреварот и постигна гол по 21. минута, но истиот беше поништен поради офсајд од ВАР-технологијата. Сепак, во финишот на првиот дел Килијан Мбапе стрелаше за 1-0.
Шведска не успеа да одговори, а Франција продолжи со нападите, па во продолжение погоди преку Бредли Баркола за 2-0, па потоа Мбапе ги постави конечните 3-0.
Франција во осминафинале на Мундијалот ќе се соочи против Парагвај.
Мексико го реши дуелот против Еквадор уште во првото полувреме, кога головите ги постигнаа Хулијан Кинонес и Раул Хименез.
Домаќинот на турнирот во осминафинале ќе го чека победникот од мечот меѓу Англија и Конго.
Фото: Équipe de France de Football