Џеко им одговори на Американците: Така и Германија го потцени Парагвај
Меѓу другото, тој се осврна и на потценувачките изјави од американската спортска јавност која последните денови постојано им порачува на Босанците дека се апсолутни аутсајдери. Додаде дека американските репрезентативци не го делат истото мислење и максимално одговорно се подготвуваат за мечот.
„Ги слушнав изјавите на нивните играчи и тие не нè потценуваат. Верувам дека нема да нè потценат, без оглед на тоа што велат некои експерти, бидејќи ако навистина го разбираа фудбалот, сигурно немаше да даваат такви изјави. Тоа го кажаа Германците за Парагвај, а тие беа елиминирани. Токму затоа фудбалот е најубавиот спорт во светот. Повторно го кажувам тоа, тие се фаворити затоа што се домаќини и одиграа добри натпревари во групната фаза, но имаме и некои прашања“, рече Џеко.
Натпреварот меѓу БиХ и САД се игра вечерва во 2 часот по полноќ на Левис стадионот во Санта Клара.