На Бекам му „врнат“ пари - заработи 25 милиони евра од Светското првенство

Дејвид Бекам излезе еден од најголемите добитници на Светското првенство кое се одржува овој период.

Поранешниот капитен на Англија стана едно од најпрепознатливите лица во рекламните кампањи емитувани за време на паузите за хидратација, кои станаа вреден рекламен ресурс за радиодифузерите.

Според анализите, Бекам заработил околу 25 милиони евра од рекламни договори со водечки глобални брендови. Интересот за него потврдува дека тој останува една од највлијателните личности во спортот и маркетингот, години по завршувањето на неговата фудбалска кариера.

Експертите истакнуваат дека глобалното признание, беспрекорниот јавен имиџ и неговата способност да привлекува меѓународни брендови го прават Бекам префериран избор за големите компании. Затоа тој продолжува да биде меѓу најбараните спортски личности.