Челси го обвини Мареска за катастрофалната сезона!

Италијанскиот тренер Енцо Мареска стана нов тренер на Манчестер сити, но по промоцијата веднаш се јави и неговиот поранешен клуб Челси, кој реши да објасни што е причината за катастрофалната сезона.

Челси ја заврши сезоната на 10. позиција во Премиер лигата, а од клубот наведуваат дека причина за тоа е неочекуваната промена на тренерската позиција.

„Минатата есен клубот беше информиран од нашиот поранешен главен тренер дека постои можност тој да го наследи Пеп Гвардиола по завршувањето на сезоната. Ни стана јасно дека негова силна желба беше да го наследи Гвардиола и дека беше целосно посветен на остварување на таа можност, и покрај тоа што имаше долгорочен договор со нашиот клуб, кој немаше право еднострано да го раскине.

Во декември 2025 година, нашиот главен тренер неочекувано и ненадејно поднесе оставка од својата функција. Секако, се почувствувавме разочарани, бидејќи верувавме дека неговите мисли и срце веќе беа насочени кон друг клуб и друга можност, иако во Челси пристигна само една година претходно.

Ниту еден клуб не сака да го менува својот главен тренер среде сезона. Но, со оглед на неговата одлука да не продолжи да ги извршува своите обврски до крајот на сезоната, Клубот немаше друг избор освен да ги заштити нашите фудбалери, нашите навивачи и грбот на клубот, па ја прифати неговата оставка.

Во овие околности, и имајќи го предвид заемното почитување меѓу клубовите, постигнат е договор со Манчестер Сити кој вклучува исплата на обештетување. Исто така, постигнат е договор и со поранешниот главен тренер, според кој и тој ќе плати обесштетување“, соопшти Челси.

Челси следната сезона ќе влезе со нов тренер, а тоа е Чаби Алонсо од кого имаат големи очекувања.