Финалистката од Ролан Гарос елиминирана на стартот на Вимблдон
Хвалинска стигна до финалето на Ролан Гарос, но немаше среќа на Вимблдон да продолжи со добрите резултати бидејќи се повреди на средината на вториот сет, а проблемите со зглобот на крајот скапо ги плати.
Тенисерката од Полска имаше шанса со добар настап на Вимблдон да напредува уште повеќе на ВТА-листата и да влезе во топ-20 во светот, меѓутоа ќе мора да почека за такво нешто.