Официјално: Мареска е нов тренер на Манчестер сити!

Поранешниот англиски и европски шампион Манчестер сити денеска го претстави Енцо Мареска како нов тренер, откако претходно од кормилото си замина Пеп Гвардиола.

Мареска потпиша договор на три години со „граѓаните“, односно се очекува да остане на чело до клубот барем до 2029 година.

„Манчестер сити е клуб кој го познавам многу добро. Ова е трет пат да сум во тимот. Знам што бараат и што треба да дадам. Одлуката да заминам од Челси беше само моја. Таа ми отвори шанса да дојдам во Манчестер сити. Заминувањето среде сезона предизвика потрес во Челси и се извинувам поради тоа. Немав таква намера“, кажа Италијанецот.

Челси се јави со соопштение по назначувањето на Мареска на нов тренер во Манчестер сити и објасни дека ќе добие компензација од англискиот ривал, но и од самиот тренер.

Фото: Facebook/ManchesterCity